Skip to main content
Македонија

Родител: Тој може да е министер ама не е Бог, Бог е над него и над сите нас

29/04/2025  16:20

Протестниот марш во моментов се одвива пред Министерството за внатрешни работи каде родителите влегоа на средба со министерот Тошковски. Видно изреволтирани од оправдана причина додека чекаа да влезат во зградата ја кажаа својата мака која ја делат сите засегнати семејства.

Родител кој и претходно со изразен револт бараше правда за своето единствено дете кое му загина во кочанската дискотека, кажа дека нема од кого да се плаши, посочи Тошковски може е министер, но не е Бог. Бог е еден и тој е над сите нас. Побара барем една секунда да се стават во неговата кожа да почуствуваат како му е. Вели ако неможе да се одмота клопчето да го запалиме, па да изгори се.