Search

Кампања за собирање донации за набавка на опрема за медицинскиот персонал во Македонија

Македонецот Марк Спасовски, кој живее во Сан Диего, Калифорнија започна кампања за собирање на донации од нашинци од целиот свет, со цел да се соберат средства за набавување на заштитна опрема за медицинскиот персонал во Македонија.

Тој се обрати до 24 Инфо, со цел да се промовира акцијата и да добие што поголем број на донатори.

-Имаме голем број медицински персонал кој не е заштитен и моментално заразен со Ковид-19. Ова е страшна вест затоа што Македонија има многу ограничен број доктори и сестри кои работат во земјава. Започнавме кампања за собирање донации со цел да набавиме заштитна опрема која им е потребна на нашите доктори и сестри. Во моментов активиравме фејсбук реклами за да добиеме светско покритие кај сите наши луѓе, вели Спасовски.

Повеќе детали за акцијата на gofoundme

Треба да знаете
Последни објави