Skip to main content
Балкан

Земјотрес предмалку во Албанија

28/04/2025  12:27

Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 12:07 часот во Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал осум километри североисточно од Елбасан, односно 38 километри југоисточно од Тирана.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.