Skip to main content
Свет

Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија

03/11/2024  10:42

Три дена откако Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) која имаше најдолго време на лет за такво оружје од таа земја, војската на Јужна Кореја соопшти дека денеска одржала заеднички воздушни воени вежби со САД и Јапонија.

Како одговор на лансирањето ракета од Пјонгјанг, беа одржани трилатерални вежби во воздушниот простор каде што се преклопуваат зоните за идентификација на противвоздушната одбрана на Сеул и Токио, северно од јужнокорејскиот остров Џеџу, соопшти јужнокорејската војска.

Најмалку еден американски стратешки бомбардер Б-1Б учествуваше во вежбите, додаде војската, истакнувајќи дека ова е четврти пат во 2024 година американски стратешки бомбардер да биде распореден околу Корејскиот полуостров.