Skip to main content
Хроника

Почина 46-годишник: Со возилото излетал надвор од коловозот

23/04/2025  13:28

На 22.04.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.