
Полицијата вчера попладне го лишила од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Како што информира денеска МВР, лицата се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар. При преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.
По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.