Skip to main content
Економија

ММФ: Значително ќе забави светската економија

22/04/2025  16:38

 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“.

ММФ во најновата глобална прогноза наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8 отсто оваа година, што е помалку од претходната процена од 3,3 проценти.

Во САД се очекува раст од 1,8 отсто, додека според претходната процена изнесуваше 2,7 проценти. Намалена е и прогнозата за раст за Велика Британија од претходните 1,6 на 1,1 отсто.