Skip to main content
Македонија

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, велат од Онкологија

22/04/2025  11:54

„Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија. Управна контрола во Бирото за јавни набавки е завршена во рекорден рок. Моментално тече рокот за жалби и предметот на јавна набавка во моментот е во Државната комисија за жалби по јавни набавки“, појаснуваат од клиниката.

Истакнуваат дека тимот за јавни набавки на оваа клиника напорно работи да ги заврши сите процедури во најбрз можен рок, за да може да се попишат договорите со дистрибутерите и лековите да се достават на клиниката до крајот на неделава.

Од клиниката појаснуваат дека во постапка се вкупно 40-тина ставки, вклучувајќи ги и оние што моментално се дефицитарни.