Skip to main content
Свет

Погребот на папата Франциск закажан за 26 април

22/04/2025  11:25

Погребната миса за папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот на плоштадот Свети Петар, соопшти денеска канцеларијата за печат на Светата столица.

Трамп, Зеленски и Макрон ќе патуваат за Ватикан, светските лидери ќе му оддадат последна почит на папата Франциск.

Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници.

Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински јазик: Franciscus.

Папата исто така навел дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.

„Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од износот што го обезбеди добротвор, а за кој договорив да биде префрлен во базиликата Санта Марија Маџоре“, стои во тестаментот.