Лав
Тој е владетелот на хороскопот. Тој е оној којшто блеска, којшто сите го гледаат, чијашто грива се вее на ветерот додека чекори како целиот свет да му припаѓа нему. Меѓутоа што се случува кога кралот ќе остане без круната? Кога нема да добие аплауз или кога проектот на којшто работел не успее? Во тој момент настанува драма којашто „заслужува“ да добие Оскар.
Лавовите имаат потреба од восхитување и признанија. Кога нешто не се одвива според нивниот план, нивното его претрпува сериозен удар. Не само што тие долго време ќе анализираат што можеле да направат подобро, туку и ќе плачат во тајност, што за еден лав претставува катастрофа, но секако тоа нема да го покажат јавно. Наместо тоа, тие ќе се повлечат во својата „кралска пештера“ собирајќи сила за големото враќање.
Рак
Неуспехот за раковите е исто како ладен туш во зима. Со оглед на тоа дека се исклучително чувствителни, секој пораз го доживуваат како личен напад врз нивната душа. Тие не го гледаат неуспехот како дел од процесот на учење, туку како нешто коешто можеле да го избегнат доколку го слушале својот внатрешен глас.
Кога раковите ќе доживеат неуспех, тие ќе се повлечат во својот „оклоп“ исто како школките на дното од океанот. Со часови, а можеби и со денови, ќе размислуваат за поразот, а кога ќе ги прашате како си, ќе одговорат со вообичаените зборови: „Добро сум“, додека во нивните очи ќе биде забележлива тагата.