Skip to main content
Свет

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна во посета на Индија

21/04/2025  09:33

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигна во посета на Индија.

Тој ја започнува четиридневната посета на земјата во момент кога се прават напори за зголемување на трговијата меѓу двете земји.

Американскиот потпретседател е во индиската престолнина Њу Делхи со сопругата Уша, која има индиско потекло и нивните три деца – Јуан, Вивек и Мирабел.

Тој вечер има закажан состанок со премиерот Нарендра Моди.

Ди Венс вчера беше во главниот град на Италија, Рим. По празничната литургија во Ватикан имаше кратка средба со папата Франциск.