Албанија: 66-годишен маж е втора жртва од коронавирусот

Во Албанија е регистрирана втора смрт од коронавирусот, а властите соопштија дека станува збор за 66-годишник од Лушња.

На пациентот му бил дијагностициран коронавирус по што бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, јавуваат албанските медиуми.

Пациентот бил во сериозна состојба и страдал од неколку други болести – срцева и бубрежна слабост и белодробен едем .

Според најновите податоци, 55 лица во Албанија се заразени со вирусот.

Треба да знаете
Последни објави