
Арсенал приреди сензација во Мадрид – со втора победа (1-2) на „Сантијаго Бернабеу“ го елиминира европскиот првак Реал и со вкупни 5-1 избори полуфинале во Лигата на шампионите. Сака ја отвори серијата со маестрален лоб, Винисиус израмни, но Мартинели во самиот финиш ги запечати сите надежи на „кралевите“. По 16 години, „топчиите“ се враќаат меѓу четирите најдобри и во полуфиналето ќе играат против ПСЖ.
Во Милано, Интер и Баерн одиграа драматични 2-2 на „Џузепе Меаца“, резултат што му беше доволен на италијанскиот тим за пласман меѓу најдобрите, благодарение на триумфот во Минхен. Хари Кејн донесе предност за Баерн, но Мартинез и Павар веднаш возвратија. Ерик Даер со удар со глава израмни, но и покрај силниот притисок на гостите, Интер успеа да го задржи резултатот и да обезбеди полуфинале против Барселона.