Skip to main content
Спорт

Арсенал го симна Реал, Интер ја издржа бурата – познати двојките за полуфинале во ЛШ

16/04/2025  23:30

Арсенал приреди сензација во Мадрид – со втора победа (1-2) на „Сантијаго Бернабеу“ го елиминира европскиот првак Реал и со вкупни 5-1 избори полуфинале во Лигата на шампионите. Сака ја отвори серијата со маестрален лоб, Винисиус израмни, но Мартинели во самиот финиш ги запечати сите надежи на „кралевите“. По 16 години, „топчиите“ се враќаат меѓу четирите најдобри и во полуфиналето ќе играат против ПСЖ.