Skip to main content
Хроника

Судир на три возила на патот Гостивар-Тетово, повредени повеќе лица

16/04/2025  13:56

На 15.04.2025 во 19.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Гостивар-Тетово, после клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.А.(30) од Велес, патничко возило „бмв“ со гостиварски таблички, управувано од И.П.(42) од Гостивар и патничко возило ,,хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Камењане.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Голф“, Е.Е.(36) од Скопје, додека тројцата возачи и една сопатничка од голфот се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“, информира полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.