Skip to main content
Свет

Земјотрес повторно ја стресе Турција

15/04/2025  17:22

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 27 минути, во област во близина на брегот на западна Турција.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на EMSC, се наоѓа на длабочина од околу 9 километри под земја.

Се уште нема извештаи за материјална штета или повредени.

Надлежните служби ја следат состојбата.