Skip to main content
Хроника

Кражба на гробиштата „Бутел“ – Украдени бронзени бисти

15/04/2025  12:31

Три бронзени бисти украдени од градските гробишта Бутел. На 14.04.2025 во СВР Скопје, С.А.М.(47), С.Ш.(68) и М.Г.(69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.