
Раководството на Далас Mаверикс подготви маички за навивачите во пресрет на домашниот натпревар против Лејкерс во регуларниот дел од сезоната во НБА. Мечот во Далас одигран ноќеска беше прв за кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ против неговиот поранешен клуб.
Маверикс на сите навивачи ќе им поделат маици на кои на словенечки ќе пишува „Ти благодариме за се“.
Новинарот Грант Афсет појаснува дека Далас не може да користи име, слика или лик на играч од друг тим.
Дончиќ беше трејдуван од Далас во Лејкерс на 2 февруари.
Натпреварот заврши со победа на гостите од Лос Анџелес 112:97, а токму Дончиќ беше најдобар на теренот со 45 поени, осум скокови и шест асистенции.