Skip to main content
Хроника

Обид за кражба во Ѓорче – Маж бил нападнат од две лица

09/04/2025  16:15

Маж од Ѓорче бил физички нападнат од две лица кои се одбиделе и да го ограбат.

– На 08.04.2025 во 21.10 часот во СВР Скопје, Г.Н. пријавил дека во 21 часот во неговото продажно место на подрачјето на Ѓорче Петров, две машки лица физички го нападнале и се обиделе да одземат пари од неговиот татко Т.Н. од Скопје, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.