Skip to main content
Спорт

Ристовски: Македонија ќе биде домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал, ќе учествуваат 4000 спортисти

09/04/2025  14:11

Министерот за спорт, Борко Ристовски информираше во земјава ќе се организира Европски младински олимписки фестивал. Ќе има околу 4000 учесници и очекува да бидеме добри домаќини. Најавува уште 2000 гости од странство.

-Отприлика 6000 луѓе ќе бидат во државата и ќе трошат средства. Генерално сите ќе имаме бенефит,но, најважно е што ќе има македонски спортисти вака големо натпреварување и ќе можеме преку нив да градиме нови идоли кои што во изминатите години ни фалат. Треба да ги поддржиме сите талентирани деца да пресраснат во идни олимпијци, рече Ристовски.

Учесниците ќе се натпреваруваат во 15 спортови. Европскиот младински олимписки фестивал што ќе се одржи од 20 до 26 јули 2025 година.