Skip to main content
Хроника

Шест лица од Скопје уапсени за поседување дрога

09/04/2025  14:10

Шестмина скопјани уапсени за дрога.

– На 08.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(21), В.Б.(48), Д.Н.(27), М.Ј.(36), Н.А.С.(23) и Б.С.(32), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од полицијата во дневниот билтен.