Градоначалникот на Бутел Смилевски на групната роденденска забава со лицата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци подели поколни

Градоначалникот на Опшина Бутел, Велимир Смилевски денеска беше поканает на групна роденденска забава со лицата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје.  Имено, оваа установа  обезбедува дневно и интернатско згрижување, воспитание, образование, работно оспособување и работна окупација, спортско – рекреативен и културно забавен живот и здравствена заштита на лица со умерено и тешки пречки во интелектуалниот развој.
Градоначалникот Велимир Смилевски  има постојани средби со вработените и штитениците  од заводот за рехабилитација. Општина Бутел во континуитет ги вклучува овие лица во сите општински и училишни активности –  предновогодишниот базар и новогодишниот хепенинг со што лицата од заводот се претставија со свои рачни изработки.
На денешната роденденска забава Смилевски им подели роденденски поклони на сите шест славеници. На забавата присуствуваше и пејачката Виолета Томовска, со што ја  дуплираше среќата на сите приустни.
Треба да знаете
Последни објави