Вработени од општините во Кисела Вода и Струмица дискутираа и разменуваа мислења за унапредување на родовата еднаквост

Вработени од Општините Кисела Вода и Струмица во рамките на проектот на UN Women „Промоција на родовo одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување” дискутираа и разменуваа мислења за унапредување на родовата еднаквост.

За оваа цел, градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот, Александар Алексовски во просториите на Општина Струмица остварија работна средба со струмичкиот градоначалник, Коста Јаневски и со претседателот на Советот на Општината, Марјан Даскаловски.

Заради тоа што Општина Струмица е прва општина во државата која ја изготви првата локална стратегија за родова еднаквост во рамките на проектот на UN Women „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија”, претставниците од Општина Кисела Вода имаа можност од градоначалникот Јаневски и претседателот на Советот, Даскаловски да слушнат искуства и повеќе да се информираат за економското засилување на жените во Општина Струмица, за спречување на родово базирано насилство, за родовото одговорно буџетирање, како и за повеќе теми поврзани со родовата еднаквост.

На средбата, градоначалникот Коста Јаневски нагласи дека Општина Струмица во секојдневното работење, но и при реализација на општинските проекти, секогаш им дава еднакви можности на сите без никаква дискриминација.

Обуката одржана во Струмица, во организација на UN Women ја водеше тим на експерти за родово одговорно буџетирање.

Општина Кисела Вода како и досега така и во иднина нема да дозволува нееднаквост и дискриминација на ниедна основа. Општината продолжува да работи во насока на промовирање на родовата еднаквост и рушење на предрасудите.

Треба да знаете
Последни објави