Skip to main content
Македонија

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе ОЈО ГОКК

07/04/2025  13:59

Основното јавно обвинителство Куманово, денеска информираше дека предметот за загадување на Крива Река во Крива Паланка ќе го преземе Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што претходно информираа, кумановското обвинителството формираше предмет, во меѓувреме стигнала и кривичната пријава од градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.