Skip to main content
Македонија

Приведено лице од Штип, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

07/04/2025  11:02

На 06.04.2025 во 15.00 часот на улица „Железничка” во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди” со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.