Skip to main content
Балкан

Додик: Германската министерка Лерман денеска скришно дојде во Република Српска, прогласена е за персона нон грата

04/04/2025  19:06

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска соопшти дека, како и секој несакан посетител, и германската министерка Ана Лерман кришум дошла во Бања Лука за да се сретне со своите пулени.

„На што спадна некогаш моќната Германија. Очекувам полицијата на Република Српска са ја испрати засекогаш од Република Српска“, напиша Додик на платформата Х.

Владата на Република Српска денеска ја прогласи германската министерка за европски прашања Ана Лерман за персона нон грата во Република Српска и нареди на МВР да ја спроведе надвор од границата при влез на територијата на Републиката.