Skip to main content
Македонија

Kостадинов: Новата населба во Струмица е вториот најголем проект во нашата општина

04/04/2025  17:26

Градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, соработници и советници, заедно со претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска ја посетија Социјалната населба во изградба во Струмица. За градоначалникот Костадинов, овој проект е вториот најголем проект во историјата на Струмица.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче посочи дека овој и сите други проекти на локалната самоуправа на Струмица ги отсликуваат социјалдемократските вредности за еднаквост и грижа за сите граѓани и му се заблагодари на градоначалникот Костадинов, советниците и општинската администрација.

-Ова е само еден во низата на крупни проекти на општина Струмица. Ќе ги споменам новиот пазар, електричниот јавен превоз со кој Струмица е прв град на Балканот со ваков превоз”, изјави Филипче, додавјаќи дека општина Струмица е пример како со дела се развиваат и имплементираат проекти кои суштински менуваат работи и го подобруваат животот на граѓаните.