Skip to main content
Хроника

Уапсен е возачот кој со мопед удри дете и избега

04/04/2025  12:35

Во врска со видеото на кое се гледа како возач на мопед удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи известува дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

„По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа возачот Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 од КЗ за загрозување на безбедноста на сообраќајот, чл.297А од КЗ за безобзирно возење и чл.301 од КЗ за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, по брза постапка“, се истакнува во соопштението од полицијата.