Skip to main content
Спорт

Штип УГД и Струмица 47&72 финалисти во одбојкарскиот Куп на Македонија

04/04/2025  08:29

Одбојкарите на Штип УГД и Струмица 47&72 ќе се соочат во финалето на завршниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) што се одржува во спортската сала „25. Мај“ во Радовиш.

Во вториот полуфинален дуел Струмица немаше посериозни проблеми против Борец, победувајќи со 3-0 (25-13, 25-18, 25-18). Велешани беа мотивирани и се обидоа да се заканат во неколку наврати, но искуството и стабилната игра на фаворитот беше тешко да се наруши.

Финалистите годинава ќе имаат променети улоги, односно Штип УГД ќе биде бранител на титулата, додека Струмица ќе се обиде да го врати куп пехарот во своите витрини.

Машкото финале во Купот на ОФМ 2025 ќе се игра в сабота (5 април) од 19 часот, во салата „25. Мај“ во Радовиш. Финалето ќе има и директен телевизиски пренос на националниот сервис.