Skip to main content
Македонија

Талески до Тошковски: Кој му ги доставил доверливите информации на обезбедувачот на премиерот?

03/04/2025  14:09

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој му ги доставил доверливите информации на Самараков, член на обезбедувањето на премиерот, Христијан Мицкоски.

„Ангел Самараков, припадник на најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски, беше фатен како оддава доверливи информации. Со докази, со видео, слики. Фатен жив. Како е можно лице со такво однесување и поврзаност да биде дел од обезбедувањето на премиерот е прашање кое вака лебди во јавноста.Оти Самараков не е случајна фигура во безбедносниот тим на премиерот. Тој е долгогодишен партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, неговата сопруга беше кандидат за советник од истата партија. А не е ниту изолиран случај. Ова е втор скандал за кратко време. Пред само неколку месеци, јавноста дозна дека шефот на обезбедувањето на премиерот физички нападнал полицаец кој бил на должност за време на акција против трговија со дрога“, рече Талески.

Овие инциденти, додаде тој, отвораат сериозни прашања за безбедносниот апарат, но и за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.