Филипини ќе ја укинат забраната за патување за посетители од Тајван

Филипини ќе ја укинат забраната за патување што ја воведоа за посетителите од Тајван во обид да го стават под контрола ширењето на вирусот Ковид-19, јави тајванската новинска агенција.

Филипини ја донесе одлуката откако Тајпеј се закани со одмазда поради забраната за патување.

Филипински официјален претставник изјави дека одлуката за укинување на забраната за патување е донесена и треба да се потпише.

Досега од коронавирусот починаа 1.383 лица, а заразени се 64.435.

Треба да знаете
Последни објави