Skip to main content
Економија

СДСМ: Очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба и проектот „Мој ДДВ”

02/04/2025  13:59

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ и Микоски трба да знаат дека инфрмациите за оваа компанија се јавно достапи, а и граѓаните памтат. Штипјани знаат дека оваа фабрика беше најавена уште во мај 2023 година од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ.

Премиере Мицкоски не ви доликува на функцијата  да се фалите  дека и оваа странска инвестиција е резутат на вашите политики. Оваа кандска компанија е резултат на позитивните економски политики што ги водеше Владата на СДСМ и кои резултираа со подобрување на бизнис климата, отворање на нови странски инвестиции и нови работни работни места.

Ова не е ништо друго освен потврда на неспособност и безидејноста на ВМРО ДПМНЕ за водење економски политики и привлекување на странски иневстиции. Речиси една година Владата на Мицкоски нема донесено ниту една значајна странска инвестиција, а економијата стагнира.  Единственото што ДПМНЕ го прави  е сечење ленти на веќе реализирани проекти од претходната влада.

Наместо да промовираат веќе промовирани инвестиции и да се служат со ефтин ПР, ДПМНЕ и Мицкоски треба да се соочат со реалноста и да погледнат што се случува во државата. Економијата ни од далеку не расте, а животниот стандард на граѓаните го допре дното.