Search

Гатузо: Елмас ги има сите предиспозиции да стане голем играч

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас на најдобар можен начин ја користи секоја укажана шанса од новиот тренер Џенаро Гатузо да му докаже дека заслужува место во тимот на Наполи. Елмас кој вторпат по ред  се наоѓа во стартната постава откако на клупата дојде Гатузо, прикажа уште една добра партија. Наполи вторпат победи, овој пат како гостин против големиот ривал Интер (0:1) во првиот полуфинален меч од Купот на Италија. реваншот е на 5 март во Неапол.

Гатузо кој не веруваше во фудбалскиот потенцијал на Елмас, кога притигна во неапол како анследник на Карло Анчелоти, го менува мислењето за македонскиот репрезентативец. По мечот со Интер тој имаше пофални зборови за младиот играч за врска.

-Елмас може да одговори на повеќе позиции. На овој меч играше како крилен офанзивец и одлично ги одработи поставените задачи. Тој има сила и техника и може уште многу да напредува. Секогаш влегува со 100 отсто и не се предава на терен. Ги има сите предиспозиции да стане голем играч, рече Гатузо.

Треба да знаете
Последни објави