Skip to main content
Македонија

Делови на Дебар утре пет часа без струја

31/10/2024  19:11

Утре, во периодот од 10 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите на градот Дебар, информираше Регионалниот Центар за управување со кризи-Дебар.

Без струја ќе бидат потрошувачите во централното градско подрачје, како и главните улици „8 Септември“ и „Братство Единство“.

– Прекинот во напојувањето со електрична енергија, е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Ви благодариме за разбирањето и препорачуваме соодветна подготовка за времетраењето на прекинот, стои во соопштението.

На 21 овој месец, шест и пол часа без напојување со електрична беше целото дебарско подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Прекинот беше поради редовни годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар.