Нашата најнова гордост С – Блок

Во животот често се наоѓаме пред различни предизвици и одлуки. Потрагата по нов дом е една од најзначајните инвестициски одлуки. Во своето 15 годишно искуство секојдневно сме посветени на креирање и создравање на урбани и функционални станбени и деловни објекти со уникатен дијзан… Саник е компанија која ги следи светските трендови во архитектурата и градежништвото и постојано се стреми кон иднината.

При осмислувањето на нашите проекти и при изборот на локација се водиме од најчестите побарување на нашите ценети клиенти во однос на најпрактични архитектонски решенија, беспрекорен квалитет на материјали, безбедност, енергетска ефикасност, мирно и зелено опкружување и лесна пристапност. Со нашиот најнов објект С – Блок дефинитивно ги задоволуваме и најделикатните барање на нашите клиенти и ќе ја оствариме идеалната слика на вашиот совршен дом.

Би сакале ли секојдневното утриснко кафе да го пиете во природно опкружување?
Би сакале ли секоја прошетка во вашето маало да биде всушност прошетка во природа?
Би сакале ли навечер да ја слушате тишината без никој да ја нарушува?
Би сакале ли отворениот прозорец во вашиот дом да биде ароматизер со прекрасни планински мириси?
Ако вашиот одговор на овие прашања е ДА, тогаш С – Блок е токму она што го посакувате.

Сместен на падините на Водно, живеењето во  С – Блок ви освоможува секогаш да сте на само чекор од природата.

Можете ли да замислите будилникот да го замените со птичја песна, или пак градскиот смог со мирисот на природата. Замислете при секоа изгрејсонце да можете да го гледате будењето на градот како на дланка. Мислите дека ова е тешко остварливо? Кога е во прашање Вашиот нов дом, Саник е тука да го исполни и она што не се осмелувате да го посакате. Со огромно задоволство ви ја претставуваме својата најнова гордост С -Блок

 Се грижиме за вашиот комфор.

С – Блок нуди уникатна можност градското сивило да го замените со преубаво природно опкружување. Овој станбен објект претставува прекрасен избор за Вашиот нов дом. Решенијата на нашиот професионален тим на архитекти се карактеризираат со совршена функционо – просторна распределба во сите станбени единици. Од друга страна пак, високото ниво на квалитет на сите материјали користени при изградбата, го елиминираат дури и најмалиот сомнеж дека ова е идеалнит избор за Вашиот нов дом.

Квалитетно домување.

С – Блок се гради по највиски стандарди, притоа користејќи најквалитетни материјали од реномирани производители. Големиот избор на станови го дефинираат 10 карактеристични станбени единици со квадратури од 40 м2  до 80 м2. Широкиот спектар на станови со различни квадратури нуди голем избор, а воедно и можност за задоволување на сечии потреби и можности. Во објектот е предвиден и лифт и посебни индивидуални паркинг места.

Вашиот нов дом – Саник

 

Треба да знаете
Последни објави