Skip to main content
Спорт

Дресот на Џордан од првиот натпревар продаден за неверојатна цена

27/03/2025  12:15

Неименуван колекционер, издвои голема сума пари, за дресот кој Мајкл Џордан го носеше на првиот натпревар во кариерата за Чикаго Булс.

Џордан го носеше овој дрес на 5. октомври 1984 година, на претсезонски натпревар.

Спортската форензика ја утврди автентичноста на овој дрес и докажа дека е оригиналот што Џордан го носеше на првиот натпревар.

Дресот е продаден за неверојатни 4,2 милиони долари.

Сепак, тоа не е најскапиот продаден дрес во историјата на НБА, всушност се наоѓа на петтото место.

Интересно, од петте најскапи, три носел легендарниот Мајкл Џордан, а најскапиот е продаден за 10 милиони евра во 2022 година.