
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше и се обрати на настанот посветен на 135 годишнината од раѓањето на д-р Анастас Коцарев, познат онколог во светот, роден во Македонија.
Годишнината од неговото раѓање паралелно се одбележува во Скопје и во Париз, кадешто пред неколку години беше откриен неговиот гроб.
Настанот започна со едноминутен молк во чест на загинатите во катастрофалниот пожар во Кочани.