Skip to main content
Магазин

Концертите на Здравко Чолиќ закажани за јуни

26/03/2025  14:22

Поради трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животите ги загубија 59 лица, закажаните концерти на Здравко Чолиќ (18, 19 и 21 март) беа одложени.
Сега пак се закажани нови термини и тоа на 2, 3 и 4 јуни и сите ќе се одржат во арената „Борис Трајковски“.

Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа во Скопје и тоа за прв пат со симфониски оркестар на 2, 3 и 4 јуни 2025, во Арена Борис Трајковски!

Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, пристигнува со дури 50 врвни музичари, новосадскиот Биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад. Со оваа ексклузивната концертна програма која во рекордно време ги распродаде арените ширум регионот, конечно и македонската публика има можност да ужива во специјално избраниот репертоар и исклучителните аранжмани на диригентот Федор Вртачник.
Поради форматот на овој концерт, арената „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета исклучиво со места за седење, а тоа значи намален максимален капацитет и апел повеќе за публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.
Легендарниот Здравко Чолиќ по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар и несомнено со најпопуларниот концерт за 2025 година!
Важно: Првите два концертисе распродадени а како што навести организаторот за третиот (4 јуни) биле останати уште околу 500 влезници.