Skip to main content
Хроника

Мотоциклист тешко повреден – излетал од булевар во Ново Лисиче

26/03/2025  13:55

На 25.03.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, Е.Б.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.