Навивачи на ПАОК нападнаа канцеларии на пратеници на Нова демократија во Солун

Навивачи на грчкиот фудбалскиот тим ПАОК со летоци и слогани на ѕидовите нападнаа канцеларии на пратеници од Нова демократија во Солун, портпаролот на грчката Влада ги осуди инцидентите, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознатите лица „ги посетија” канцелариите на Генералниот секретар на пратеничката група на Нова демократија, Ставрос Калафатис, на пратеничката Елена Рапти.

За инцидентите реагираше и портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас.

-Ја разбираме љубовта на навивачите на ПАОК за нивниот тим, но сметаме дека е неприфатлив било кој облик на насилство. Ги осудуваме нападите на политичката канцеларија на Генералниот секретар на пратеничката група на Нова демократија, Ставрос Калафатис и пратеничката од Солун, Елена Рапти. За насилството нема место во демократијата, вели Пецас во писмената изјава.

Според солунските медиуми, биле нападнати уште две канцеларии на пратеници на владејачката партија.

Навивачите на ПАОК попладнево во Солун ќе одржат протест против амандманот што вчера го донесе грчката Влада и беше изгласан од Парламентот, а според кој клубот се соочува со одземање на пет до 10 бодови.

Треба да знаете
Последни објави