
Аргентина го совлада синоќа Бразил со 4-1 во квалификациите за Светското првенство во јужноамериканската зона, неколку часа откако обезбеди пласман на мундијалскиот турнир што идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Головите за Аргентина, која настапи без капитенот Лионел Меси и Лаутаро Мартинез, ги постигнаа Хулијан Алварез, Енцо Фернандез, Алексис Мекалистер и Џулијано Симеоне. Почесниот гол за Бразил го постигна Матеус Куња.
Во пресрет на големото дерби во Буенос Аирес. Уругвај и Боливија ремизираа без голови, што им овозможи на Аргентинците пред дуелот со Бразил а го обезбедат пласманот на Светското првенство 2026.