Skip to main content
Балкан

Уапсен Црногорец, пукал низ прозорец од неговиот стан во центарот на Белград

26/03/2025  12:02

Белградската полиција го уапси В.М. (20) државјанин на Црна Гора, кој најверојатно рано утринава околу 6 часот од прозорецот од неговиот стан пукал со пиштол.

Неофицијално, полицијата пронашла неколку чаури пред зградата

Полицијата била повикана од преплашени граѓани кои ги слушнале истрелите. Во станот на В.М. пронашла и неколку негови пријатели кои биле пијани.

За случајот е известено надлежното обвинителство.