Мел Гибсон и Дени Гловер ќе глумат во „Смртоносно оружје“ 5

Мел Гибсон и Дени Гловер ќе играат во петтиот дел на Смртоносно оружје, изјави продуцентот Дан Лин. Лин, извршен продуцент на телевизиската серија „Смртоносно оружје“, и Ричард Донер – режисерот и продуцент на претходните четири филмови – работи на враќање на акционата франшиза на големото платно.

Новото продолжение на блокбастерот во кој детективот Мартин Ригс (Гибсон) и неговиот партнер Детектив Роџер Муртаг (Гловер) трагаат по негативци ќе почне да се снима 22 години по четвртото продолжение.

Во последната епизода од Тркалезната маса за продуценти од “Холивуд репортер“, Лин рече: Се обидуваме да го направиме последниот филм Смртонсно оружје. И Дик Донер се враќа. Оргиналната екипа се враќа. И тоа едноставно е неверојатно. Приказната е многу лична за него.

Лин открива дека Гибсон и Гловер се „спремни за акција“ и дека сценариото за проектот е во завршна фаза.

Оригиналниот „Смртоносно оружје“ излезе во 1987 година, а популарноста на детективското дуо предизвика три продолженија.

Франшизата заживеа во телевизиска серија која траеше од 2016 до 2019 година, во која глумеа Клејн Крафорд и Дејмон Вејнс како Ригс и Муртаг.

Треба да знаете
Последни објави