Skip to main content
Македонија

Видевски не можеше да се сети дали Манев му пратил слика од Жежовски неколку дена пред грабнувањето

26/03/2025  11:10

Читајќи го исказот што го дал Боре Видевски се забележува дека целосно се разликува од тоа што тој го дал во полиција и обвинителството и завчера во судот. Тој и во првичниот исказ потврдил дека критичниот ден не бил на работа во во Велес, но не можел да потврди бидејќи не се регистрирал.

Не ми е познат Жежовски, никогаш не сум го видел иако знам кој е. Изјавата што претходно ја дадов не е реална бидејќи ми беше страв. Воопшто не пристуствиав на настанот за кој ме теретат. Никогаш не сум се возел во неговиот Цитроен бидејќи како можам да се возам кога не го познавам, го читаше исказот на Видевски обвинителката Стојковиќ.

На прашање дали на 22 и 27 ноември се возел во Цитроенот на Жежовски, Видевски рекол.

Не сум се возел, ви кажав каде бев тогаш, рече Видевски.

Првообвинетиот Љупчо Палевски го праша дали на 22 ри ноември се возел со Цитроенот од Велес кон Рудник.

Не, одговори кратко Видевски како и тоа дека ниту еден полицаец не го прашал дали поседува оружје.

Палевски го праша дали може да потвди дека Манев на 13.11 2023 година му испратил фотографија од Панче Жежовски.

Можно е но не сум сигурен, било кој може да ми прати слика што нема врска со мене и ги игнорирам, рече Видевски.