
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска им порача на САД да престанат да гледаат на Кина преку сопствениот „хегемонистички менталитет“.
Одговорот на Кина доаѓа откако САД ја прогласија Кина за својата најголема воена и информатичка закана, пренесуваат британските медиуми.
-САД ја шират теоријата дека Кина е закана само за да ја потиснат. Кина ги повикува САД да престанат и да ги поддржат активностите за независност на Тајван, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун.
Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, денеска објави дека остро го осудува и цврсто се спротивставува на САД да додадат кинески субјекти на црната листа за извоз.
Според портпаролот на министерството, Кина ги повикува САД да престанат да го генерализираат концептот на национална безбедност