Skip to main content
Свет

Се урна хеликоптер кој гаснеше пожари во Јужна Кореја, загина пилотот

26/03/2025  10:01

Јужна Кореја ги приземји сите противпожарни хеликоптери откако еден од нив се урна утрово додека се бореше со разорните шумски пожари кои го пустошат југоисточниот дел на земјата. Најмалку едно лице загина во хеликоптерската несреќа.

Хеликоптерот се урнал додека го гаснел пожарот кој брзо се шири во провинцијата Ујсеонг, на околу 200 километри југоисточно од Сеул. Според извештаите, во хеликоптерот бил само пилотот за кого немало спас.

Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во страшните пожари, кои тешко се гасат поради силните ветрови. Пожарот уништил будистички храм и опасно се приближил до некои археолошки локалитети.

Меѓу жртвите имало и четворица цивили кои учествувале во гаснењето на пожарот.