Search

Познати сите загинати во хеликоптерската несреќа

Девет лица загинаа во хеликоптерската несреќа во Калифорнија, меѓу кои беше и НБА ѕвездата Коби Брајант (41) и неговата 13-годишна ќерка Џана Брајант. Меѓу жртвите се и бејзбол тренерот Џон Алтобели (56), неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса која заедно со Џана Брајант играле кошарка за Академијата Мамба и вчера патувале на турнир во Таусенд Оукс.

Меѓу трагично загинатите е и Кристина Маусер, исто така кошаркарски тренер, како и младата кошаркарка Пејтон и нејзината мајка Сара Честер, кои исто така оделе на турнирот во Таусенд, како и пилотот Ара Зобајан.

Тие, заедно патувале од својата кошаркарска академија „Мамба“ кон местото Таусенд Оукс, на околу 60 километри западно од центарот на Лос Анѓелес. Поради густата магла, откако претходно направил неколку круга над градот, хеликоптерот се срушил при брзина од 300 километри на час.

Треба да знаете
Последни објави