Search

Руски град на границата со Кина го ограничува пристапот поради корона вирусот

Рускиот град Благовешченск, кој се наоѓа на границата со Кина во регионот Амур, ќе го ограничи пристапот до земјата поради појавата на смртоносниот корона вирус, пренесува агенцијата „Тасс“.

Градот ќе ја прекине културната размена и официјалните посети на земјата по наредба на градоначалничката Валентина Калита.

На прометните места ќе се спроведе засилена контрола за носење маски, а особено внимание ќе се посвети на продавниците за малопродажба и местата за забава.

„Неопходно е да се интензивира јавната свест за ризикот од новите вирусни респираторни заболувања“, вели Калита.

Претходно, гувернерот на регионот Амур, Василиј Орлов, ги повика жителите да ги откажат патувањата во Кина. Гувернерот на регионот Пенза, Иван Белоцерцев, подоцна ја спомна истата иницијатива. На жителите на големите градови им било кажано да избегнуваат контакт со кинески туристи.

Благовешченск се граничи со кинеската област Аихуи. Тие се одделени со реката Амур. Помеѓу руските и кинеските градови постои безвизен режим за патување.

Треба да знаете
Последни објави