Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова која досега живееше во селото Бекирлија, ќе живее во куќа во селото Дорфулија, каде има роднини.Куќата е купена за Атиџе, и во неа ќе има нормални услови за живот.
Новинарот Фуркан Салиу на Фејсбук објави видео од кое може да се види како изгледа куќата.
https://www.facebook.com/FurKlan/videos/1073999056279312/?t=0
„После силната порака што ја испрати до целиот свет, мислам дека барем малку не задолжи сите нас… Кој сака да донира го има линкот, а ако некој сака лично да и помогне, ќе ја најдете на 60 километри од Скопје, близу Лозово. А замислете колку добро ќе беше 24 министри да донираат 20% од платата за овој месец за личност како што е Атиџе“, пишува новинарот.