
Андреј Лазаров беше една од жртвите на трагичниот настан кој рано во неделата се случи во дискотеката Пулс во Кочани, настан кој ја зави во црно цела Македонија.
Лазаров херојски се обидувал да им помогне на луѓето во пожарот, па иако првите информации беа дека е надвор од животна опасност и во стабилна состојба, неговото срце и тело не го издржа тоа низ тоа што минал кобната вечер во Кочани.
Неговата приказна допре насекаде низ светот, па клубовите во кои настапуваше низ кариерата се збогуваа со него, отворија книга на жалост, а Тиквеш денеска ја информираше јавноста дека го повлекува од употреба дресот со број 16. Андреј доста време настапуваше за клубот од Кавадарци пред да се пресели во Хрватска во Рудеш и Горица за да во тековнава сезона биде дел од Шкупи.